Туск: Полска ќе има најсилна армија во регионот, но и најсилна економија

Од:

„Нашата армија мора да биде способна да одбие каква било закана“, изјави полскиот премиер Доналд Туск.

Туск, исто така, рече дека планот ќе има три главни цели: Полска да има „најсилна армија во регионот, најсилна економија и силна позиција во Европската Унија“.

„Подготвени сме да ја изградиме најсилната армија во овој дел од светот. Го правиме тоа заедно, без оглед на нашите верувања“, додаде тој.

Туск не прецизираше што подразбира под најсилна армија или економија, ниту пак беше јасно дали смета дека Варшава треба да биде воено посилна од Русија, со која дели граница од 210 километри.

„Постои одредено ниво на стратешка двосмисленост околу тоа што сака Полска – тие ќе ги тераат Русите да нагаѓаат“, вели Натали Фогел, истражувачки соработник во Центарот за интермариумски студии на IWP.

Полска, која троши 4,7 проценти од својот БДП за одбрана, веќе има трета најголема армија во рамките на НАТО, по програмата за брзо вооружување што го дуплираше бројот на војници за само десет години.

Туск изјави дека новата доктрина ќе ја зајакне прозападната ориентација на земјата.

Би можело да ве интересира

Конфликт меѓу полскиот претседател Навроцки и владата на Туск

„Политико“: Се подготвува политичка бура што ќе ја промени Полска

Доналд Туск ги изнервира израелските политичари

Масовно апсење на руски агенти во Полска

А1он

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Полска ги повикува своите граѓани во Русија веднаш да ја напуштат руската територија