ВИДЕО: Деветмина мртви на филипинскиот фестивал во Ванкуваер откако возач влета во група луѓе

Од:

Девет лица загинаа, а неколку други се повредени во Ванкувер откако возило влета во толпа на филипински уличен фестивал во западниот канадски град, соопшти полицијата. На местото на настанот е уапсен 30-годишен маж, а истрагата е во тек.

„Во овој момент, уверени сме дека овој инцидент не е терористички чин“, соопшти локалната полиција во објавата на X. На полноќната прес-конференција, началникот на локалната полиција изјави дека осомничениот им бил „познат“, но не даде дополнителни информации. Минувачите го задржале осомничениот додека не дојде полицијата.

Инцидентот се случил нешто по 20 часот по локално време во близина на Источната 41-ва авенија и улицата Фрејзер, каде што се одржуваше фестивалот Ден на Лапу-Лапу, во чест на националниот херој на Филипините.

Канадскиот премиер Марк Карни напиша на X: „Потресен сум од веста за ужасните настани на фестивалот Лапу-Лапу во Ванкувер“. Градоначалникот на Ванкувер Кен Сим и премиерот на Британска Колумбија Дејвид Еби објавија слични коментари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“

ВИДЕО: Трамп жестоко и се закани на Европа поради Канада

Катерина Ѓуровски

САД ја заоструваат трговската војна со Канада: Трамп забрани увоз на пиво, алкохол, мотоцикли и млечни производи

A1on

Google го послуша Трамп: езерото Отарио го преименува во Америка

ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада, царините на Трамп го налутија Карни

Катерина Ѓуровски

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада