ЖИВО: Почна погребната церемонија на папата Франциск, обезбедување од 4.000 полицајци

Од:

Погребот на папата Франциск, кој почина во понеделник на 89-годишна возраст, се одржува денес во Ватикан во 10 часот наутро по локално време.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија добија дозвола да влезат во базиликата „Свети Петар“ за да поминат еден момент пред ковчегот на папата пред почетокот на погребот.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела, исто така, доби посебна дозвола за влез.

Со оглед на тоа што се очекуваат 200.000 луѓе на погребот, безбедносните мерки во Ватикан се засилени како подготовка за настанот.

Околу 4.000 полицајци ќе ја надгледуваат безбедносната операција денес. Тој број не ги вклучува припадниците на војската, службите за итни случаи или околу 4.000 волонтери.

Покрај 200.000 луѓе на самиот погреб, се проценува дека околу еден милион луѓе ќе се обидат да ја следат поворката во Рим.

По погребот на папата Франциск, Католичката црква влегува во деветдневен период на жалост.

Папата Франциск кој jа водеше Католичката црква 12 години, почина на Велигден по мозочен удар.

Тој беше избран за папа на 13 март 2013 година, тринаесет дена откако папата Бенедикт поднесе оставка. Неговата смрт значи дека наскоро ќе биде избран нов папа, иако процесот би можел да потрае некое време. Свеченото одбележување на животот на папата Франциск ќе започне денес, 26 април, на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

Хрватска ќе ја претставуваат премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ, кои, како што е наведено, патуваат одделно во Рим.

Србија ја претставува премиерот Ѓуро Мацут, кој утрово пристигна во Рим.

Официјалните делегации ќе седат во делот десно од олтарот, на врвот од скалите што водат до базиликата „Свети Петар“. „Најдобрите места“ треба да ги заземат претседателот на татковината на Папата, Аргентина, и претседателот и премиерот на Италија. Владетелите како што се шпанските и белгиските кралски семејства и монегаското кнежевско семејство, исто така, ќе имаат предност во однос на другите шефови на држави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од самиот почеток на огромна експлозија во иранско пристаниште

Предраг Петровиќ

Хамас објави снимка од снајперски напад врз израелски војници: Еден убиен, тројца ранети

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на Трамп на погребот на папата: Спречи гаф

Погребан папата Франциск

Предраг Петровиќ

Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба

Путин проговори: Киев доживеа целосен колапс, се ближиме кон крајот