Научниците загрижени од новиот вирус на грип откриен кај фоките

Од:

Американски експерти идентификуваа нов облик на грип кај фоките, кој би можел да влијае врз здрвјето на другите животни и луѓето.

Утврдено е дека вирусот на грипот H3N8 е одговорен за минатогодишната смртност кај 162 фоки покрај брегот на Нова Англија.

Експертите сметаат дека тој вирус можеби еволуирал од оној кој циркулира меѓу северноамериканските птици од 2002 година.

– Ова откритие укажува на можноста грипот, кој може да предизвика и пандемија, да се појави од неочекувани извори, истакна Ен Москона од Универзитетот Корнел.

Овој вирус, меѓу другото, има и способност да делува врз некој протеин кој може да се најде во респираторниот тракт на човекот.

Луѓето досега не биле изложени на овој вирус, што значи дека немаат отпорност кон него.

Во организмот на фоките вирусот на грипот може да се адаптира, еволуира и по фенотипот да стане повеќе цицачки отколку птичји, односно уште поспособен да предизвика болест меѓу цицачите, предупреија научниците.

– Грипот може да се појави било од каде, а нашата подготвеност да ги идентификуваме и разбереме потенцијалните ризици мора да биде многу подобра отколку што порано сме мислеле, заклучи доктор Москона.

Би можело да ве интересира

Заразата се шири: Смртоносниот вирус веќе стигна во Европа

Горан Наумовски

Нова опасност се шири низ светот, ја нарекуваат XBB15

Горан Наумовски

„Гардијан“: Во Кина се шири нов вирус, заразени десетици лица

Во Кина откриен нов опасен вирус, досега се пријавени 35 заболени

Катерина Ѓуровски

Во Србија регистриран прв случај на заразено лице со вирусот Западен Нил

Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија

Ана Ололовска