Летово останува препознатливиот лик на владината зграда. Барокниот изглед на владата ќе почека.
Барокното решение кое го изгласаа граѓаните се најавуваше дека ќе започне со реализација за време на летните одмори, но како стојат работите стартот ќе почека уште неколку месеци, објави сајтот Скопје инфо.
Недостасува дозвола од општина Центар, изнаоѓање на привремени простории за работа, довршување на основниот проект за менувањето на ликот на објектот.
„Но, тоа не значи дека проектот е заборавен“, вели Васил Доневски, директор на владината служба,пренесува Скопје инфо.
Нема измени во идејното решение, кое беше избрано како урнек за обнова на фасадата на владината зграда, а чии автори се Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.