Недолично скандирање, употреба на пиротехнички средства и нарушување на јавниот ред и мир, од страна на „Комитите“, го обележа фудбалскиот натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Металург.
За време на натпреварот кон играчите се фрлале шишиња и други предмети што навивачите успеале да ги прошверцуваат на стадионот „Македонија“ во населбата Ѓорче Петров.
Пред да се означи крајот на натпреварот од страна на судиите, дел од навивачите од трибините (источна и западна), влегле во теренот . Во моментов полицијата работи на идентификација на сторителите за целосно расчистување на случајот.