ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Од:

Во фабрика во Огулин утринава избувна пожар, а пожарникарите се уште се на терен и се обидуваат да го стават под контрола.

Засега не се знае колкав е пожарот и за кој дел од фабриката се работи. Полицијата ја добила пријавата нешто пред 6 часот, но не соопштува повеќе детали.

Според неофицијални информации, пожарот избувнал во нов објект во Оток Оштаријски, како дел од претприемничката зона Огулин. Сведок за КАпортал изјави дека пожарот настанал во текот на ноќта, но станал видлив дури кога се разгорел, околу шест часот наутро. Наводно гори магацин, а се уште нема информации за повредени.

Бјелин е позната фабрика за паркет од групацијата Перваново Инвест АБ, во сопственост на Дарко Перван, иноваторот кој го дизајнираше популарниот систем „клик“ на ламинат и паркет, пишува КАпортал.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Македонски државјанин затвори во стан 71 годишник во Хрватска – му се закани дека ќе го убие

А1он

ВИДЕО: Евакуација на три трговски центри во Загреб поради дојави за бомби

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Хрватска: Мајка се самоуби, во станот пронајдена убиена нејзината 17-годишна ќерка

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Топ разнесе човек пред многу сведоци во Хрватска

А1он