ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Од:

На денешната собраниска седница, владејачкото мнозинство за нов член на Комисијата за заштита од дискриминација скандалозно го именува Венцо Здравевски – поранешен член на озлогласената Комисија за лустрација и осомничен во случајот ,,Моќник”, велат од Левица.

– Иако се работи за Комисија која мора да биде ослободена од партиски стеги и да работи исклучиво по принципите на стручност и компетентност, ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ денес изгласаа партиски ветеран на ДПМНЕ кој беше амнестиран со контроверзните измени на Кривичниот законик.

Дополнително, овој партиски пулен бил дел од озлогласената Комисија за лустрација, поради чија работа Македонија изгубила спор пред Судот во Стразбур поради кршење на човечовите права. Односно, власта денес изгласа лице кое треба да ги штити граѓаните од дискриминација и да ги штити човековите права, додека токму за ова лице Европскиот суд констатирал дека ги прекршил човековите права.

И вториот момент кој е скандалозен за овој избор се однесува на работата на Комисијата за заштита од дискриминација. Односно, во минатото оваа Комисија постојано беше бомбардирана со претставки од т.н. невладини организации (финансирани од бугарската држава), кои имаат агенда да докажат дека во Македонија постои дискриминација и говор на омраза кон бугарското малцинство. Преку стотици вакви претставки се поднесени до оваа Комисија изминатите години, затоа што бугарската држава системски работи да докаже дека бугарското малцинство во Македонија е дискриминирано, како дополнителен аргумент за внесување на Бугарите во Уставот.

Новиот член Здравевски, кој ќе треба да одлучува дали Бугарите се дискриминирани, доаѓа токму од бугарофилската струја на партијата на Мицкоски. Тенденцијата е јасна, претставките од бугарските невладини организации ќе се уважуваат преку оваа Комисија во корист на бугарската пропаганда и ќе се трасира патот за конечната промена на Уставот и исполнување на санстефанските идеали на официјална Софија, се вели во реакцијата од Левица.

Би можело да ве интересира

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!