Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека прекинот на огнот во Украина треба да се постигне што е можно поскоро и дека доколку Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи одлучна акција.

Макрон истакна дека Украина пред речиси еден месец го прифатила предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот.

„Додека работиме со сите наши партнери за да обезбедиме мир, Русија ја продолжува својата војна со нов интензитет, непочитувајќи ги цивилите. Овие руски напади мора да престанат. Мора да се постигне прекин на огнот што е можно поскоро. И мора да следи силна акција ако Русија продолжи да го попречува и одбива мирот, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Најмалку три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во рускиот напад врз Сумската област

Горан Наумовски

Нападната е Москва: Најмалку петмина се загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку шестмина загинаа во украински напади во магацин на „рускиот Амазон“

Порака од Москва: Русија е подготвена за преговори

Русите уништија американска фабрика за дронови во Киев