Девет загинати во бродолом кај Јужна Кореја

Од:

Најмалку девет лица загинаа во бродолом на товарен брод крај брегот на Јужна Кореја. Според информациите на крајбрежната стража, бродот пловел под панамско знаме. На бродот имало вкупно 19 лица, поголемиот дел Кинези и еден Виетнамец.

Осум членови на екипажот се спасени, а по други двајца сè уште се трага.

Бродот бил закотвен крај пристанишниот град Пхохан во југоисточниот дел на земјата, но силните бранови го придвижиле кон морскиот насип, се посочува во соопштението на крајбрежната стража.

 

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња