„Етнос“: Грчките власти во тревога поради планиран терористички напад „со политичка цел“

Од:

Грчките власти се во тревога поради добиена информација за планиран терористички напад со „политичка цел“, пишува денеска весникот „Етнос“.

Според весникот, тревогата се засилила од фактот дека при грабеж, извршен во филијала на Националната банка во јули, бил идентификуван еден од лидерите на анархистичката група „Револуционерна борба“.

Станува збор за Никос Мазиотис, кој беше осуден, а потоа им избега на органите на прогонот, и сега се бара од полицијата.

Полициски извор, кој е задолжен за потрагата по Мазиотис, изјави дека „тревогата сосема не е неоснована“. Тој рекол оти информацијата која е добиена е многу сериозна и се однесува за евентуален терористички напад во наредните денови.

Грчкиот суд осуди пет лица по обвиненија поврзани со тероризам, за наводно учество во вооружена анархистичка група, која презеде одговорност за серија бомбашки напади и истрелување ракета врз зградата на американската амбасада во Атина во 2007 година.

 

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески