ФОТО: Гевгелиските планинари со 10-месечно бебе ги искачија врвовите на Пирин планина

Од:

Викендов 26-члена екипа на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија со својот најмлад член Никола Костадинов, кој има само 10 месеци, ги искачија врвовите на Пирин планина во Бугарија, во рамките на одбележувањето на Денот на борецот на Република Македонија – 11 Oктомври.

Искачувањата започнаа во две групи. Една група имаше полесна задача – да го освои врвот Вихрен со кота од 2.914 метри надморска височина, со што се вбројува како трет врв на Балканските простори.

pirin-planina (3)Во оваа група учествуваше и најмладиот планинар Никола Костадинов, член на ПД „Кожуф“, кој има само 10 месеци, а успеа со своите родители да стигне до последната делница од маршрутата и да се искачи до врвот Вихрен.Водич на маршрутата беше искусниот планинар Александар Костадинов, татко на малиот Никола, кој својот 10-месечен син го носеше во специјален ранец прикачен на грбот.

Втората група пред себе си постави потешка задача – да ги искачи трите врвови на Пирин планина: врвот Кончето на висина од 2.760 метри надморска височина и врвот Кутело со висина од 2.908 м.н.в., а на повратниот дел од трасата тие стапнаа и на врвот Вихрен (2.914 м.н.в.).

pirin-planina (2)

По успешната акција, членовите на Планинарското друштво „Кожуф“ за овој викенд планираат да изведат работна акција со прочистување и уредување на патеката од планинарскиот дом „Томе Кротки“  кај село Конско до врвот „Двете уши“ на Кожуф планина.

А.Д.

 

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ