Мјанмар: Експлозија во луксузен хотел, повредена Американка

Од:

-Една Американка доцна синоќа е повредена во експлозија во луксузен хотел „Трејдерс“ во центарот на најголемиот и поранешен главен град на Мјанмар, Јангун, пренесе „Франс прес“. Според извештајот на полицијата во прашање била темпирана бомба.

Утрово е приведен дваесет и седумгодишен маж кој претходно претстојувал во собата каде што експлодирала направата, соопшти полицијата, додавајќи дека се уште е рано да се каже дали тој ја поставил бомбата.

Имено хотелот е популарен помеѓу странските туристи и бизнисмени, наведува француската агенција.

Полицијата на Мјанмар истражува и неколку осомничени за низа нејасни експлозии. Во петок во градот Таунг на околу 65 километри од главниот град Нејпјида загинаа две лица во еден пансион, а во недела на автобуска станица под еден камион во експлозии во Јангун беа повредени двајца малолетници.

Две направи се пронајдени во Јангун и Мандалеј во понеделник наутро, а се пренесува дека имало две експлозии кај еден ресторан во близина на Пагода во северозападниот регион на Сагаинг.

Претставници на властите стравуваат дека тие неколку инциденти може да бидат насочени кон поткопување на демократските реформи во државата, која што се подготвува да биде домаќин на еден од регионалните спортски натпревари и која претседава со Организацијата на југоисточните азиски држави, АСЕАН.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска