Спречен шверц од 100.000 евра на скопскиот аеродром

Од:

Безбедносните служби на ТАВ Македонија спрeчија шверц од 99.200 евра на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Како што информираат од ТАВ Македонија завчера патникот со иницијали О.М. се обидел да ја пренесе поголемата сума на девизи преку пунктот за преглед, но сигурносниот тим го спречил во намерата и го пријавил на царинските и на полициските службеници.

При проверка на документите утврдено е дека се работи за турски државјанин кој поседува пасош од оваа држава, но и од соседна Србија. Тој требало да патува за Истанбул.

Сумата од речиси 100.000 евра е пронајдена во рамки на процедурата за безбедносен преглед на патници и кабински багаж.

Станува збор за редовна контрола во која вработените на ТАВ Македонија проверуваат дали патниците во себе имаат предмети кои не се дозволени за изнесување согласно позитивните законски прописи.

Лицето О.М. се обидело нелегално да ги изнесе парите од земјата без претходно да ги пријави. Задржан е и не му е дозволено да продолжи со патувањето.

Би можело да ве интересира

Турчин со македонско возило шверцувал мигранти од Грција

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на нафта од македонска на албанска територија

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

Државјанин на Србија во чанта криел 170.000 евра