Конференција за справување со природни катастрофи

Од:

Научени лекции од операции и вежби извршени од EADRCC“ е тема на конференцијата што од денеска до 17 овој месец ќе се одржи во Охрид во огранизација на Центарот за управување со кризи и Министерството за одбрана.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за одбрана Талат Џафери и помошникот на генералниот секретар за операции, амбасадорот Стивен Еванс.

Конференцијата е посветена на научените лекции од операции и вежби извршени од Евроатлантскиот центар за одговор и координација при кризи – EADRCC. Ќе се фокусира како НАТО и партнерските земји може да се здружат да одговорат на брз и соодветен начин со цел да се справат од природни катастрофи што земјите не можат сами да ги решат.

Според министерот Џафери, ниедна земја од регионот, без оглед дали е членка на НАТО или не, нема достапни сили да се справува со сите предизивици од невоена природа.

Би можело да ве интересира

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје