Венизелос прв пат слушнал за Чамите

Од:

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, кој е во посета на Тирана, по средбата со неговиот домаќин Дитмир Бушати, на заедничка прес-конфернција ја искажа поддршката на неговата земја за европската интеграција на Албанија.

– Многу значајно е што Грција и Албанија се членки на НАТО, членки на ОБСЕ. Грција очекува интеграција на Албанија во ЕУ. Двете земји не поврзува тесно пријателство и добрососедство. Нашите две земји и економии се поврзани една со друга – изјави Венизелос и додаде дека традиционален мост кој ги поврзува двете земји е и признавањето на грчкото малцинство во Албанија.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, на прес-конференцијата изби на виделина несогласувањето околу две прашања – прашањето за Чамите, протерани Албанци од грчката област Чамарија и спогодбата за морската граница. Грчкиот министер изјави дека државата која тој ја претставува не познава прашање за Чамите, додека за морската граница рече дека за тоа прашање треба да се следи примерот на Грција со Италија. Но и за двете прашања, тој им препорача на Албанците да се жалат во Стразбур.

– Во врска со поплаки за грчките закони пожалете се во Судот во Стразбург. За нас многу поголемо значење има имплементацијата на меѓународното прави за морската граница. Границите треба да се воспостават според законот и искуството на соседните земји и тоа според меѓународните закони – изјави Венизелос.

Од друга страна неговиот домаќин, Бушати, побара од Грција да го признае постоењето на прашањето за Чамите, а за морската граница ја спомна одлуката на Уставниот суд на Албанија која спогодбата ја оцени како неуставна. Венизелот во текот на денов ќе има средби и со албанскиот државен врв, со лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша како и со Вангел Дуле, претседател на партијата на грчкото малцинство, Партија за заштита на човековите права.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески