Судот во Гватемала осуди две лица на по 200 години затвор поради силување и убиство на две тинејџерки со кои контактирале преку Фејсбук.
Обвинителството прво барало казна од 308 години за убиството на тинајџерките на возраст од 16 и од 18 години.
Обвинетите со жртвите контактирале преку Фејсбук и се договориле да се сретнат. Девојките се убиени на 22 август 2011 година, а нивните тела се пронајдени шест денови подоцна во јужниот град Аматитлан.
Тоа е прв случај на пресуда за убиство во Гватемала во кој жртвите и убијците контактирале на Фејсбук.