Се ожени лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун

Од:

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун се оженил, соопшти севернокорејската телевизија.

Телевизијата емитуваше снимки кои го покажуваат Ким Јонг-ун во посета на забавен парк во изградба во Пјонгјанг во друштво на млада жена, претставена од портпаролот како негова сопруга. Нејзиното име беше објавено како Ри Сол-џу.

Во државните медиуми се појавија снимки, на кои севернокорејскиот лидер беше придружуван на јавни настани од таинствена жена, за која странските набљудувачи претпоставуваа дека може да е негова пријателка, сопруга или сестра.

Некои аналитичари во Јужна Кореја изразија претпоставки дека таа е пејачка, со која Ким Јонг-ун почнал љубовна врска пред неколку години.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња