HTC на 18 октомври ќе го претстави фаблет уредот под името „One Max“, што има читач на отисок од прсти и моќни стерео звучници.
One Max е првиот фаблет од HTC и ќе има екран од 5,9 инчи, со резолуција од 1920х1080 пиксели, вградена меморија од 32 и 64 гигабајти, работна меморија од 2 гигабајти, процесор од 1,7 гигахерци и ќе работи на Андроид 4.3.
Уредот ќе има камера со четири ултра мегапиксели на задниот дел и 2,1 мегапиксел на предниот дел. На европскиот пазар уредот се очекува до крајот на годинава.