Даночните контролори од Управата за јавни приходи денеска затворија 40 деловни објекти во Маврово, Дебар, Јанче, Струга, Лабуниште, Радожда, Враниште и Скопје.
На сите им е изречена парична глоба и мерка времена забрана за вршење дејност.
Од УЈП најавуваат дека фискалните контроли ќе продолжат во наредниот период.