Маск, Цукенберг и Безос загубија 208 милијарди долари за еден ден поради падот на берзата

Од:

Според пресметките на Блумберг, 500-те најбогати луѓе во светот вчера изгубиле вкупно 208 милијарди долари поради остриот пад на акциите.

Ова е четврти најголем еднодневен пад во 13-годишната историја на индексот на милијардери на Блумберг, а воедно и најголем од врвот на пандемијата „Ковид-19“.

Најголеми загуби се забележани кај шефовите на американските технолошки гиганти.

Најмногу загубил основачот на Мета, Марк Цукенберг, 17,9 милијарди долари, откако акциите на неговата компанија паднале за 9 отсто, пренесува Блумберг.

Џеф Безос изгуби 15,9 милијарди долари бидејќи акциите на Амазон исто така потонаа за 9 отсто за еден ден.

Илон Маск загуби 11 милијарди долари, со што вкупните загуби од годината до денес достигнаа 110 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Маск бара 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft поради „нелегална добивка“

А1он

Маск: Летови до Марс веќе во 2026 година

SpaceX на Маск е на пат да го престигне OpenAI и да стане највредната приватна компанија во светот

Маск: Укинете ја Европската Унија!

А1он

Трамп: Сè уште многу го сакам Илон Маск

Горан Наумовски

Илон Маск ја лансираше Grokipedia – енциклопедија базирана на вештачка интелигенција

А1он