LG потврди дека влезе во фаза на масовно производство за своите флексибилни OLED екрани за паметните телефони.
Панелите кои ќе се виткаат ќе бидат направени во големина на екран од 6 инчи и ќе можат да се користат во телефони овозможувајќи им поразлични дизајни од оние кои се користат денес.
Минатата недела, Pocket-lint напиша дека LG ја разгледува можноста за флексибилен OLED екран на претстојниот предводник на компанијата, LG Z, но уредот не беше споменат. Во моментов, компанијата открива дека е во состојба во голем дел да ја направи технологијата, но навести дека нивни уреди со флексибилен екран можно е да бидат претставени идната година.