ПЕП 21: Дали Живко Митревски ќе биде нов министер, а ССМ ново министерство во Владата на РМ?

Од:

Дали Синдикатот односно ССМ се уште егзистира во Република Македонија и ако постои за кого функционира, прашува ПЕП 21.

„Фотелјите, имотот и парите со кои во минатото и сега располага ССМ, од секогаш беа личен мамец за синдикалните лидери, а не професионален  предизвик. Правата на работа, социјална осигураност, платени пензиски и здравствени придонеси, наместо да се бранат и да се штитаат на начини регулирани со закон, вклучувајќи го и штрајкот, не се почуствуваа.

ССМ и  сегашниот прв синдикалец д-р Живко Митревски, на хартија, на писулче се фалат дека имаат 9 репрезентативни гранкови синдикати?! Се фалат дека функционира економско социјалниот совет?! Се пофалија и со наводно започнат процес на обезбедување достоинствена работа?! А, во меѓу време што се случува?

Непречено се намалија работничките и социјалните права. Откази  во фирми, па дури и во оние кои се во сопственост на државата. Градежници умираат на градилишта затоа што работат без опрема, за мали пари и без осигурување. Работничките права, правото на штрајк, ПЕП 21 смета дека е минимизирано, а незадоволството нема кој да го преточи во практика. Прашање е дали ССМ и Живко Митревски  градат и  негуваат социјална, правна и демократска држава? Се сомневаме дека се залагаат за социјална правда, солидарност, хуманост и за социјален и економски развој на Република Македонија и граѓаните, а уште помалку за достоинствена работа?  Дали навистина се самостојни, уште помалку независни?

Г-дине Живко Митревски, нели требаше светскиот ден на достоинствена работа  да го прославите со работниците и со нив да се сликате и снимате на нивните работни места? Дали после Вашите настапи и изјави со кои оставате впечаток дека повеќе ги штитите правата на Владата отколку на работниците, човек може да смета дека ССМ  ќе биде ново министерство, а Вие нов министер во Владата на РМ“, се вели во писменото соопштение на ПЕП 21.

Би можело да ве интересира

Владата и Синдикатите постигнаа договор, платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Синдикатите на преговори: Работникот бара 100 евра покачување, а не 600 денари како што нуди Владата

A1on

Ковачевски: Платите во образованието се зголемени за 21%, дијалогот со синдикатите продолжува и решение ќе има

Филипче: Соочени сме со огромен ризик да имаме нов силен бран, верувам синдикатите ќе сфатат колку се битни мерките

А1он

Синдикати и здруженија: Регулаторна веднаш да ја повлече одлуката за поскапување на струјата

А1он

Здруженија и синдикати бараат казни и присилна наплата за фирмите кои зеле државна помош, а не исплатиле плати

Ана Ололовска