Синдикатите на преговори: Работникот бара 100 евра покачување, а не 600 денари како што нуди Владата

Од:

Синдикатите влегоа на преговори во Владата за платите на државната администрација, но немаат преголеми очекувања за приближување на ставовите затоа што наспроти залагањето на министерот Фатмир Бесими за наоѓање на системско решение преку нова метологија која ќе се имплементира во рок од две години, работниците нема да ги добијат своите покачувања веднаш.

– Македонскиот работник го интересира колку ќе зема плата во овој момент, колку ќе му се качи, она што се предлага од 2025 до 2028 година не е прифатливо. Па во 2027 година 30 отсто можеби ќе отидат во пензија, 20 % ќе отидат во странство, за кого ќе важи оваа плата тогаш.
Ние треба кога ќе се вратиме кај колегите од образование, железници, да им кажеме на работниците колку ќе земаат во бројка.

Ти ќе земеш како наставник 3000 денари, ти како вработен во образование толку. Ова што го предлагаат: минимална плата по коефициент, по просечна плата во бруто плата, по бодови, ние не можеме да се снајдеме, ниту тие не можат да објаснат – рече Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ).

Тој додаде дека покачување од 600 до 1.000 денари е неприфатливо за работниците и не сака да верува дека владата со овие преговори само купува време.

– Убаво е да се донесе методологија за раст на платите, но за да се спроведе, треба да се сменат околу 20 закони, не е само да се донесе правилник и толку. Па ние во земјава земаме плата пресметана според 50 до 80 начини. Не може ова преку ноќ да се мени. Како ќе им објаснам на луѓето, тие штрајкуваат за 30 % повисоки плати. Сега бараат 100 евра, а ние ќе им речеме еве добивме од Влада 600 денари. Па ќе не избркаат нас како синдикалци – истакна Ристески.

Би можело да ве интересира

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Владата одобри исплата на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор

Владата донесе одлука за давање на согласност за продолжување на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија

Горан Наумовски

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов

Ковачевски: Распределбата на ресори е според принципи, сите министри успешно работат

А1он