Мјанмар ослободи политички затвореници пред важна регионална средба

Од:

Претседателот на Мјанмар Теин Сеин денеска помилува 56 политички затвореници, исполнувајќи го даденото ветување дека до крајот на годината ќе ги ослободи сите лица кои се наоѓаат во затвор заради спротивставување кон владата, соопштија американските медиуми.

Претседателот го нареди ослободувањето точно пред почетокот на форумот во Брунеј на кој ќе учествуваат лидери од Југоисточна Азија и Пацифичкиот регион. Се очекува на самитот кон Мјанмар да се упатат прашања за континиураното насилство меѓу етничките заедници во земјата.

Владин функционер изјави дека меѓу денеска ослободените затвореници има претставници на етничките малцинства.

Според него, околу 130 политички затвореници се уште се лишени од слобода.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска