Словенија нема да се обраќа до ЕУ за помош и покрај продлабочувањето на економската криза

Од:

Словенија нема да се обраќа до Европската унија за помош и покрај продлабочувањето на економската криза во земјата, изјави словенечката премиерка Аленка Братушек.

– Активно преземаме мерки за самостојно надминување на кризата, нагласи Братушек.

Според Братушек буџетот, кој денеска ќе биде претставен пред Парламентот е добро избалансиран.

– Не очекувам Европската комисија да побара преразгледување на буџетот. Тоа се само шпекулации, рече словенечката премиерка.

Таа призна дека состојбата на словенечката економија е мошне комплицирана, но додаде дека таа е подобра од првото тримесечие на оваа година.

Еден од најголемите проблеми на Словенија е спорото спроведување на реформите во банкарскиот сектор. Братушек смета дека закрепнувањето на банкарскиот систем во Словенија се уште не започнал, но напомена дека делумно за тоа е виновен Брисел.

Словенија е првата земја во ЕУ, која пред почетокот на реформите на банкарскиот систем беше принудена да спроведува т.н. стрес тест на банките, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

Словенија го одлага признавањето на Палестина

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски