Аналитичарот Едмонд Адеми е дециден дека ДУИ и Али Ахмети немаат капацитет да го решат спорот со името.
На прашањето на модераторот на денешната дебата во ГЕМ, за спротивните одговори на политичарите од албанскиот и македонскиот блок за тоа каков е напредокот на процесот на решавање на името, бидејќи лидерот на ДУИ, Ахмети, тврди дека има напредок во решавањето, додека министерот за надворешни работи Никола Поповски вели дека процесот е блокиран, Адеми одговори: „Секој со своите муштерии“.
Според него ДУИ им се обраќа пред се’ на своите гласачи, бидејќи изборите ги добиваше пред се’ заради својата проевропска агенда. По 6-7 години нема резултати од тоа, но мора да се држи до таа приказна, рече Адеми
-ДУИ не е таа политичка структура, не е таа номенклатура која може да го тера овој проект. Таа нема политички капацитет и моќ во парламентот со 15 пратеници да ја истера приказната со решавање на прашањето со името, вели Адеми.
А.Б.