Диего Коста, фудбалерот на Атлетико Мадрид изјави дека е спремен да заигра за репрезентацијата на Шпанија.
– Цела моја кариера играм во Шпанија. Оваа земја ми даде се и ако добијам шанса да заиграм за шпанската репрезентација, ќе го сторам тоа на најдобар можен начин, без разлика што сум роден во Бразил, изјави Коста, кој на вчерашниот дуел против Селта беше двоен стрелец за Атлетико Мадрид (2:1).
Инаку, селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске, по дерби дуелот меѓу Реал и Атлетико пред две седмици, рече дека посакува Коста да заигра за „црвената фурија“, додавајќи дека веќе се договарал со Бразилецот да игра за Шпанија на пријателските средби кои се дел од подготовките за Светското првенство во Бразил 2014 година.
Административните проблеми околу некомплетните документи биле единствената причина поради која Дел Боске не го повикал Коста за квалификациските натпревари со Белорусија и Грузија.