Последниот натпревар од 8.коло од Примера Дивизија одигран синоќа во Билбао на „Сан Мамеш“ заврши без победник. Атлетик Билбао и Валенсија одиграа нерешено 1:1 и освоија по еден бод, па така двете екипиа ги задржаа своите позиции на табелата Атлетик (6.место) и Валенсија (7.место).
Гостите поведоа во 43.минута со голот на Евер Банега од пенал, додека Атлетик изедначи преку Микел Рико во 76.минута.
На другите натпревари од овој круг беа постигнати следниве резултати: Хетафе – Бетис 3:1, Севиља – Алмерија 2:1, Атлетико Мадрид – Селта 2:1, Барселона – Ваљадолид 4:1, Леванте – Реал Мадрид 2:3, Рајо Ваљекано – Реал Сосиедад 1:0, Елче – Еспањол 2:1, Малага – Осасуна 0:1 и Виљареал – Гранада 3:0.
Табела: Барселона 24, Атлетико Мадрид 24, Реал Мадрид 19, Виљареал 17, Хетафе 13, Атлетик Билбао 13, Валенсија 13,…