Кампањата „Ритамот на срцето“ денеска во Кичево

Од:

Клиничката болница „Систина“ неколку дена по ред ја реализира кампањата „Ритамот на срцето“ одејќи по градовите низ Македонија, а денеска тие престојува во Кичево.

При нивната посета на градовите низ Македонија, тие прават бесплатни контроли, како кардиоваскуларна контрола, контрола на шеќерот во крвта, холестерол, и оние пациенти што имаат здравствени проблеми од овој вид ќе можат да ја посетат Клиничката болница „Систина“ во Скопје. Ова го најави доктор Димитар Душковски, кој изјави дека „целта е луѓето да имаат навика редовно да го контролираат здравјето. Во текот на ова кампања имаше луѓе што, според резултатите, беа болни, а кои не знаеја за тоа. Затоа ние ја почнавме оваа кампања, која стартуваше на Меѓународниот ден на срцето и ќе продолжи и следните 25 дена”.

DSC00550

Ова екипа досега, за девет дена, има посетено пет града низ Македонија, а нивната кампања ќе продолжи и наредните денови.
Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација