Иако компанијата HTC е во тешка состојба сепак нивниот смартфон One е прогласен за мобилен телефон на година, освојувајќи ја T3 Gadget наградата.
Овој телефон доаѓа со “FullHD” екран од 4,7 инчи, камера од 13 мегапиксели, моќен 4 јадрен процесор од 2Ghz, 32 гигабајти меморија, “LTE” поддршка.
– ХТЦ One освои уште една меѓународна награда, што покажува колку напредниот дизајн и корисничкото искуство носат целосно нова перспектива во оваа индустрија. Ќе продолжиме со создавање иновации и најквалитетни уреди, изјави директорот за маркетинг на ХТЦ Бен Хо.