Организаторите на протестите против барокен ГТЦ, вечерва на граѓаните им поделија балони на кои пишуваше „Го сакам ГТЦ“, а им овозможија и да напишат писма до надлежните за судбината на трговскиот центар со свои коментари, ставови и прашања.
-Ние не го спасуваме трговски само од барокот туку од уништување на градот. Овде не се работи за барок,туку за урбана мафија, изјави еден од граѓаните.
-Очигледно дека власта игра на кондиција, дека нема да се појавуваме повеќе од толку колку што доаѓаме.А јас си мислам дека ќе продолжат да ги остваруваат своите замисли без оглед дали ние, обичните граѓани, обичните архитекти, се лутиме или не, тие си имаат свои послушници кои си ги добиваат тендерите…, вели архитект за А1 он.
Архитектите вечерва коментираа и за тоа дали проектантот на барокниот ГТЦ ќе продолжи и кон хотелот Холидеј ин, бидејќи се работи за иста урбана целина.
Организаторите најавија дека ќе продолжат со протестите и со акцијата „Го сакам ГТЦ“.
Александра Бубевска