„Самоуништувачко насилство“ – Кина вети решителни контрамерки против царините на Трамп

Од:

Кинеското Министерство за трговија ги повикува САД „веднаш да ги отповикаат овие еднострани царински мерки и да ги решат трговските спорови на соодветен начин преку еднаков дијалог со своите партнери“.

„Кина одлучно се противи на овој потег и ќе преземе решителни контрамерки за да ги заштити своите права и интереси“, рече портпаролот.

Претходно кинеската државна новинска агенција Ксинхуа објави коментар во кој тарифите ги нарече „самоуништувачко насилство“ и го обвини Трамп дека „трговијата ја претворил во крајно поедноставена одмаздничка игра“.

Кина е можеби најтешко погодена од денешното соопштение на Трамп бидејќи е воведена дополнителна царина од 34 отсто за сите кинески стоки – покрај веќе постоечките 20 отсто.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Трамп е во замка – нема добро решение за војната со Иран

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Овца со четири рога во зоолошка градина во Кина

А1он