ВЛЕН: ДУИ не се грижи за Крешник Бектеши, ниту за правдата за Кочани

Од:

ДУИ ја игра улогата на жртвата пред камерите, но и овој пат беа фатени во измама. Поднесоа иницијатива за Анкетна комисија со само 16 пратеници, а Уставот бара најмалку 20. Значи, или не го знаат Уставот, или само сакаат медиумско шоу! Вистината е едноставна: ДУИ не се грижи за Крешник Бектеши, ниту за правдата за Кочани. Плачат само за една работа – вниманието што секојдневно го губат, велат од ВЛЕН.

„Тие не се во можност ниту да ја консолидираат сопствената пратеничка група, таканаречениот „Европски фронт“. Од 18 пратеници што ги има овој фронт, успеале да обезбедат само 16 потписи – ова повеќе отколку било која изјава говори за внатрешната состојба во оваа групација. Кога не можат да ги убедат ниту сопствените пратеници, како ќе бараат јавна правда?

И во оваа политичка паника која сè повеќе ги зафаќа секојдневно, ДУИ е подготвена да оди до крајност – да ги бојкотира локалните избори и да се обиде да предизвика политичка криза, само за да се спаси себеси!

Во меѓувреме, ВРЕДИ е дециден дека со вистината нема да се манипулира! Бараме Анкетна комисија за сите трагедии, не само за оние кои ДУИ ги користи за пропаганда – од Ласкарца, Модуларната болница во Тетово, Беса транс, па се до Кочани. Нема да дозволиме ДУИ да ја игра улогата на селектор на болката и правдата, тврдат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?