Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Од:

Полициски службеници го уапсија Љ.А.(40) од Кавадарци. Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал возило „пасат“ со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин.

„Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од извршените проверки било утврдено дека лицето го управувало возилото под активна забрана за „Б“ категорија, а воедно е утврдено дека има 1.7 промили алкохол во крвта. Љ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Приведен е 41 годишник, возеше велосипед со 3,64 промили алкохол во крвта

А1он

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Полиција уапси Хрват кој возеше со 4,2 промили алкохол во крвта

А1он

Скопјанец пијан возел на патот Охрид-Кичево

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил

Пијан маж со чадор крвнички ја претепа сопругата

А1он