Трамп сака да ги промени условите на договорот за минерали со Украина

Од:

Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп бара нови услови за американските компании да пристапат до клучните минерали и енергетски ресурси во Украина, дополнително зголемувајќи ги своите економски барања од Киев, а во исто време се обидува да преговара за мировен договор со Русија, пишува ФТ.

Според двајца украински функционери, Вашингтон сака Киев да се согласи со прецизни одредби за тоа кој ќе има сопственост и контрола на заедничкиот инвестициски фонд. Покрај тоа, САД би можеле да бараат сопственост и на други важни економски ресурси, вклучувајќи ги и украинските нуклеарни централи.

Овој потег повторно ќе го отвори сè уште непотпишаниот договор за експлоатација на украинските минерали, кој беше договорен само неколку дена пред Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно да разменуваат зборови во Белата куќа.

Говорејќи во Белата куќа, Трамп рече дека САД планираат да потпишат договори за ретки метали и минерали низ целиот свет, но дека Украина е особен приоритет.

„Многу сме блиску до потпишување договор за ретки метали со Украина“, рече тој, но не откри повеќе детали.

Украинските власти изразија загриженост поради притисокот да се согласат со неповолни услови, особено откако Вашингтон привремено ја прекина испораката на оружје и размената на разузнавачки информации со Киев на почетокот на март.

Според информациите објавени од американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц, Трамп и Зеленски разговарале телефонски оваа недела и „разговарале за снабдувањето со електрична енергија на Украина и нуклеарните централи“.

Би можело да ве интересира

Азаров: Трамп има овластувања да се пресмета со Зеленски

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

(ВИДЕО) Трамп: Сакам да ја решам Куба пред да заминам, не ја исклучувам воената опција

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир