Трамп: Зеленски и Путин се за крај на војната

Од:

Доналд Трамп и Владимир Путин денеска телефонски разговараа за ситуацијата во Украина. Нивниот разговор траеше повеќе од два и пол часа. Американскиот претседател првпат проговори по разговорот на социјалната мрежа „Вистина“

– Мојот телефонски разговор денеска со рускиот претседател Владимир Путин беше многу добар и продуктивен. Се согласивме на итен прекин на огнот во целата енергија и инфраструктура, со разбирање дека ќе работиме брзо кон целосен прекин на огнот и, на крајот, оваа многу страшна војна меѓу Русија и Украина. Оваа војна никогаш немаше да започне да бев претседател! Се разговараше за многу елементи – условите за мир, вклучително и фактот дека илјадници војници се убиени, а и претседателот Путин и претседателот Зеленски би сакале тоа да заврши. Тој процес сега е во полна сила и ефект, и ние, се надеваме, за доброто на човештвото, ќе ја завршиме работата, напиша Трамп.

Би можело да ве интересира

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Ова не е наша војна

Трамп: Нe гори наш носач на авиони, тоа се лажни ирански вести

Нафтените гиганти предупредија: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

Горан Наумовски

Остра порака на Иран: „Трамп убива од забава – нема преговори“

Горан Наумовски

Цените на нафтата растат по изјавата на Трамп за островот Харг

Горан Наумовски

ВИДЕО: Никој не го видел новиот ирански лидер, Трамп се сомнева дека е воопшто жив