Ибрахими: Ако ДУИ сака да опстане, Ахмети мора да си замине од ДУИ

Од:

Лидерот на Алтернативата, Зеќирија Ибрахими, во видео изјава го коментираше повикот за бојкот на локалните избори од страна на ДУИ, посочувајќи дека во корист на демократијата е во оваа партија што побрз да се случи реформски процес.

-Изјавите на претседателот на ДУИ дека нема да учествува на локалните избори се поврзани единствено со фактот дека тој е свесен дека за првпат нема да може да ги манипулира изборите. Нема да може да купува гласови, нема да може да ги заплашува граѓаните. А без тие средства, тој не сака да влезе во изборната трка, бидејќи е свесен дека ќе биде поразен, рече Ибрахими.

Тој смета дека нова, реформирана ДУИ, без дамките од минатото, е добредојдена во изборна трка.

-Колку побрзо се случи оваа реформа, толку подобро за демократијата, за Албанците, но и за самата ДУИ. Нема вистинска демократија без фер натпревар – а нема фер натпревар со Али Ахмети на чело на ДУИ. ДУИ досега, како корумпирана и со темно минато, е неиздржлива, вели тој во изјавата.

Иднината на ДУИ, смета тој, не може да остане заложник на еден човек.

– Ако ДУИ сака да опстане, Ахмети мора да си замине од ДУИ и да отстапи место за реформирана ДУИ, која го почитува демократскиот процес и учествува на изборите со кредибилитет, изјави Ибрахими.

Би можело да ве интересира

Алтернатива: ДУИ креира лажни вести, Гаши ќе присуствува на Самитот на НАТО

Катерина Ѓуровски

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ќе се почувствува молњата што доаѓа: Алтернатива, Беса и Демократско движење од следната недела официјално

Талат Џафери, ДУИ и Алијанса го спасуваат Љубомир Јовески од интерпелација тврди албанската опозиција

Катерина Ѓуровски

Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството

Предраг Петровиќ