Иран го чека тајното писмо од Трамп

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека писмото на американскиот претседател Доналд Трамп до иранските власти „наскоро ќе биде доставено до Техеран преку арапска земја“.

Арагчи ги даде забелешките во телевизиско обраќање откако иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи минатата недела изјави дека Техеран нема да биде принуден на преговори, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека испратил писмо во кое го поканил Иран да преговара за нов нуклеарен договор.

Во 2018 година, Трамп се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година и повторно воведе санкции кон Иран, што доведе до тоа Иран да почне да се повлече од своите нуклеарни обврски.

Иран ги негираше тврдењата дека сака да развие нуклеарно оружје, но Меѓународната агенција за атомска енергија предупреди дека Иран брзо збогатува ураниум до 60 проценти чистота, блиску до нивото од 90 проценти потребно за оружје.

Би можело да ве интересира

Сè повеќе бродови минуваат низ Ормутскиот теснец – Иран воведе посебен режим

А1он

Иран нападна неколку градови во Израел

Горан Наумовски

Стармер: Нема да одиме да војуваме со Иран, ова не е наша војна

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Исламабад застана зад Техеран во обидите за стабилност

Израел: Нападнавме ракетни складишта и разни штабови на иранскиот режим