ЕЛЕМ: СДСМ во обид да собере ситни дневно политички поени во целост ги извртува фактите

Од:

АД „Електрани на Македонија“ во целост ги спроведува јавните набавки во согласност со постојниот Закон за јавни набавки. СДСМ во обид да собере ситни дневно политички поени во целост ги извртува фактите со цел да фрли дамка врз постапките што ги спроведува АД ЕЛЕМ на транспарентен начин. Согласно Законот за јавни набавки, АД ЕЛЕМ припаѓа во посебна категорија на договорни органи каде заради специфичноста на дејноста производство на електрична енергија, и согласно законските одредби ја користи, не само отворената, туку и спроведува ограничени постапки за јавни набавки.

Истовремено, нагласуваме дека согласно јавно објавените податоци на веб страната на електронскиот систем на јавни набавки, очигледно е дека најголемиот дел од објавените известувања за склучени дговори во изминатите девет месеци со постапка со преговарање се однесуваат на повторена постапка која претходно била поништена поради неможност за спроведување на електронска аукција, што е законска обврска согласно измените на Законот за јавни набавки. Целта на ваквите постапки е да се намали нереалната првично понудена цена, а во корист на АД ЕЛЕМ.

Постапките за кои зборува СДСМ се од меѓународен карактер, а се однесуваат на инвестициски зафати кои за првпат се спроведуваат во најголемиот енергетски комбинат РЕК Битола во неговото тридецениско постоење. Поради сложеноста на двата зафати (модернизацијата на агрегатите и модернизацијата на котелските системи) се одвиваат етапно односно секоја година по еден блок, што се спроведува во летните месеци, кога вообичаено, потрошувачката на електрична енергија е драстично намалена во однос на зимскиот период, а цената за истата е најниска. Впрочем, веруваме дека во СДСМ знаат дека сите ремонтни зафати кои се спроведуваат врз производните капацитети, се реализираат во летниот период при намален конзум на електрична енергија.

Во однос на конкретните постапки, за лот 1 за модернизација на агрегатите, понуда доставиле руската компанија „Силовије Машини“ и „Технопромекспорт“, а како подобра е оценета понудата на руската компанија која, патем е и производител на опремата во ТЕ Битола. За лот 2 што како постапка предвидувала модернизација на котлите , понуда доставила само фирмата „Технопрометекспорт“, но оваа понуда содржела неадекватно техничко решение, па со оглед дека таа фирма била единствен понудувач, постапката за ЛОТ 2 е поништена и е распишан нов меѓународен оглас за избор на нов изведувач од кој покрај ревитализацијата на котлите се бара и соодветен зафат за исполнување на строгите еколошки стандарди и

намалување на емисијата на азотни оксиди. Патем за оваа постапка, понудувачот „Технопрометекспорт“, не поднел жалба по извршената евалуација на понудите. На наредниот меѓународен јавен повик се јавија повеќе светски реномирани компании, а за најдобра е оценета понудата на германската компанија Бабкок Борсиг. На новиот оглас, фирмата „Технопрометекспорт“ воопшто не доставила понуда.

Јавноста знае дека станува збор за инвестиции, најголеми од постоењето на РЕК Битола. Со овие зафати, АД ЕЛЕМ овозможи и технички услови за реализација на проектот за топлификација на трите општини во пелагонискиот регион Битола, Новаци и Могила. Автоматизација и модернизацијата на агрегатите е веќе завршена лани, а само пред неколку дена заврши и модернизацијата на котелот на вториот блок во ТЕ Битола. Останува оваа крупна инвестиција да се зокружи в година со модернизацијата на котлите на термоелектраната Битола 1. Проектот вреден  88,5 милиони евра опфаќа целосна промена на јагленовиот тракт, доводот на јаглен, доводот на воздух, намалување на нивото на штетните емисии и редица други зафати. Со целосната реализација на проектот во 2014 година, АД ЕЛЕМ ќе стане компатибилен во делот на емисија на азотни оксиди и ќе ги исполни најстрогите европски директиви за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски