ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ССМ се сега една иста организација, која не му мисли добро на македонскиот народ

Од:

СДС јавно признаа дека го координираат ССМ преку Трендафилов, којшто следи насоки од неговите шефови од Бихачка. Трендафилов кој е ставен од СДС да биде претседател на ССМ, го направи синдикатот партиска прес сала, преку која СДС ги злоупотребува синдикатите и шири лоши економски политики, за кои што граѓаните се доста запознаени, бидејќи за малку не бевме банкротирана држава. Трендафилов е само слеп послушник на лошите економски политики, кои СДС ги претставува преку нивниот партиски синдикат ССМ со кој раководи нивниот пулен Трендафилов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Благодарение на Трендафилов, СДС и ССМ се сега една иста организација, која не му мисли добро на македонскиот народ. Да потсетиме, во времето на СДС работниците не земаа плата по неколку месеци, затоа немаат кредибилитет да зборат за платите и економијата. ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на платите во здравството, образованието, МВР, администрација и други сектори од општеството. Економскиот раст е во последните два квартали е над 3%, а пензиите веќе пораснаа за 5000 денари. Инвестициите се над милијарда евра, со коишто се отвораат нови работни места. Со овие факти, СДС не може да се помири. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи за граѓаните“ тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?