Терористички напад во Израел: Еден напаѓач пукал, друг бодел со нож

Од:

Еден човек на околу 70-годишна возраст загина, а четворица други се тешко повредени во терористички напад во Хаифа денеска, соопштија од градската служба за итни случаи.

Службата за итна помош „Маген Дејвид Адом“ објави дека во истиот напад тешко се ранети тинејџер и маж и жена на возраст од 30 години, како и една жена на 70-годишна возраст која е во умерено тешка состојба, објави „Тајмс оф Израел“.

Според медиумите, нападот го извршиле двајца напаѓачи, од кои едниот отворил оган додека другиот ги избодел минувачите.

Шефот на израелската полиција Даниел Леви изјави дека полицијата се уште се обидува да го потврди идентитетот на напаѓачот кој утринава го изврши терористичкиот напад во Хаифа.

„Идентитетот на елиминираниот терорист се уште не е јасен. Ја скенираме областа за да го исклучиме присуството на дополнителни напаѓачи“, рече Леви во изјавата по обиколката на местото на нападот.

Повредените се пренесени во медицинскиот центар Рамбам на северот од градот.

Би можело да ве интересира

Венс: Израел нема да го анектира Западен Брег

Нетанјаху најавува „нова визија“ за Газа

Горан Наумовски

Албанци од Косово и од Македонија се под истрага за финансирање на терористи

Горан Наумовски

Плановите на Израел за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа, предупредува Рубио

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху не сака турски војници во Газа

Израел предаде тела на уште 30 Палестинци