Левица: Владејачкото мнозинство да го прифати предлогот за крај на грабежот со патарините

Од:

Македонските граѓани се жртви на државно спонзориран грабеж преку екстремно скапите патарини, кои никако не одговараат на катастрофалниот квалитет на патиштата! Додека европските земји како Бугарија, Австрија и Швајцарија користат вињета систем што овозможува неограничено движење по прифатлива цена, во Македонија секој изминат километар е дополнителен удар врз џебот на народот, велат од Левица.

Како стоиме во споредба со Европа?

– Бугарија: 7 дневна вињетка е 8€
– Австрија: 10 дневна вињетка е 9,90€
– Швајцарија: годишна вињетка е 42€
– Македонија: Табановце – Гевгелија (една насока) е над 6€

Колку тежат овие трошоци во споредба со платите?

– Швајцарија – просечна плата: 5.500€
– Австрија – просечна плата: 2.500€
– Бугарија – просечна плата: 1.000€
– Македонија – просечна плата: 700€

Ова значи дека додека еден Австриец за 10 дневна вињетка плаќа 0,4% од својата месечна плата, Македонецот за само една релација издвојува речиси 1% од својата плата, и тоа за руинирани автопати! Потенцираме дека од позиција на власт, ќе воведеме вињета систем. Сметајќи дека актуелната власт не е спремна да го прифати тој предлог сега, пратеничката група на Левица во собранието предложи законски измени за: Намалување на цените на патарините за 50% и Законска регулација на висината и наплатата на патарините. Време е владејачкото мнозинство ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да се одважи во интерес на граѓаните и да го прифати овој предлог! Доста беше организираниот грабеж – народот плаќа, а не добива ништо!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев алармира: Под превезот „работно ангажирање” се легализира експлоатацијата

Левица: Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Левица: Затворена кардиохирургија без да обезбеди алтернатива – оставка на Таравари!

Апасиев: Тошковски е бескрупулозен министер, кој е познат како „адвокат на урбаната мафија”

Левица: Пајазити исполнува два од два основи за разрешување – Судски совет одлучи да остане судија