Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Од:

Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека Романија нема да испрати мировни трупи во Украина, изјава што вршителот на должноста претседател Илија Боложан ќе ја пренесе на самитот на Европскиот совет.

„Не. Не се согласувам со испраќање војници. Ова ќе биде ставот што ќе му биде пренесен на Европскиот совет. Романија нема да придонесе за распоредување на војници во Украина. Прво нека се постигне мир. Романија мора да ја стабилизира ситуацијата во нејзините граници – имаме најдолга граница со Украина, пристап до Црното Море, а најефективниот начин за зајакнување на источното крило е на наша територија, а не со преместување на војници во зоната на конфликтот, изјави Чолаку за Romania TV.

Чолаку додаде дека се залага за брз и траен крај на војната во Украина, нагласувајќи дека десетици илјади луѓе ги губат животите секоја недела во оваа војна.

Би можело да ве интересира

Зеленски за мировниот план: Ниту една страна нема да биде целосно задоволна

„Њујорк тајмс“: Украина го отфрла предлогот на Трамп за Донбас и членството во НАТО

Франција: Париз има услов за Америка, сакаме безбедносни гаранции

Медиуми: „Брисел ги лади очекувањата на Киев за членство во ЕУ“

РИА Новости: Украински војници починаа од екстремен студ западно од Лиман

САД и Украина ќе одржат разговори за прекин на огнот во Берлин