Басеску: Романија нема да го ратификува договорот за границата со Молдавија

Од:

Романија нема да го ратификува потпишаниот со Молдавија договор за државната граница, изјави романскиот претседател Трајан Басеску по средбата со молдавскиот претседател на Парламентот Игор Корман, пренесува ИТАР-ТАСС.

– Сакам да бидам крајно искрен. Молдавија залудно чека, Романија нема да го ратификува договорот за државната граница, изјави Басеску.

Односите меѓу Романија и Молдавија во изминатиот период не се многу добри. Преговорите за потпишување на договор за државната граница и базниот договор меѓу двете земји траеја 15 години. Во 2010 година договорот за државната граница конечно беше потпшан, а во 2013 година и ратификуван во молдавскиот Парламент.

Официјален Букурешт сепак смета дека територијата на современа Молдавија е незаконски приклучена кон Советскиот сојуз со потпишување на Пактот Рибентроп-Молотов во 1939 година, поради што не брзаат со ратификување на договорот.

Претходно претседателот на Романија изјави дека нема смисла да се потпишува таков договор со „дел од откината територија“, бидејќи со тоа ќе се признае Пактот.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ