А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

by А1он25/02/2025 - 12:02270
Share0

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија верува во себе и за да се зборува за доверба во Соединетите држави (САД), „мора да се помине долг пат“.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Треба да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, изјави Песков за новинарите, пренесе агенцијата РИА.

Песков посочи дека американските лидери покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој беше сведен „практично на нула“ за време на претходната администрација.

-Преземени се мерки за нормализирање на дијалогот, пред сè, нормализација на работата на нашите дипломатски ресори на реципрочна основа, рече Песков.

Следете a1on на Youtube YouTube

На новинарско прашање да ги коментира наводните планови за распоредување мировни сили во Украина, тој посочи дека дискусиите за можни заеднички проекти меѓу САД и Русија и економската соработка меѓу двете земји ќе дојдат откако ќе се реши ситуацијата во Украина.

„Ќе има време да се разгледаат можните проекти за трговска, економска и инвестициска соработка. Има многу широки изгледи за тоа“, рече Песков.

peskovrusijasad

Би можело да ве интересира

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 14:14

Естонија: Руските напади не треба да се нарекуваат хибридни, туку терористички

А1он01/10/2026 - 20:53

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 18:29

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 17:12

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 16:0929/09/2026 - 16:09

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ28/09/2026 - 17:2728/09/2026 - 23:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео