Со осум натпревари во групите А, Б, Ц и Д денеска ќе биде комплетирано 2.коло во фудбалската Лига на шампиони.
Програмата ја отвораат ЦСКА и Викторија Плзен со дуелот во Москва од 18 часот.
На вториот натпревар од оваа група, бранителот на трофејот Баерн Минхен гостува кај Манчетсер Сити.
Почетокот на средбата е во 20 часот и 45 минути, термин во кој ќе стартуваат и шесте натпревари од останатите три групи:
Група А: Шахтјор Доњецк – Манчестер Јунајтед, Баер Леверкузен – Сосиедад.
Група Б: Реал Мадрид – Копенхаген, Јувентус – Галатасарај.
Група Ц: Пари Сен Жермен – Бенфика и Андерлехт – Олимпијакос.