ВЛЕН: ДУИ повторно се обиде да ги измами Албанците, но нивната пропаганда беше уништена со факти

Од:

ДУИ уште еднаш се обиде да ги измами Албанците, но нивната пропаганда беше уништена со факти! Нивните неосновани обвинувања за честитање на независноста на Косово беа отфрлени од кабинетот на претседателката на државата, кое потврди дека честитката е испратена на 16 февруари. Исто така, честитки упатија и вицепремиерите на ВЛЕН, Изет Меџити и Арбен Фетаи, кои уште еднаш ја покажаа институционалната посветеност кон Косово. Ваквата постапка на ДУИ не е ниту прва ниту последна во нивната позната стратегија за користење на дезинформациите како политичка алатка. Партијата која две децении ја узурпираше власта на штета на албанските граѓани и на сите граѓани на Северна Македонија, сега се обидува да создаде залудни конфликти и да го одвлече вниманието на јавноста од своите спектакуларни неуспеси во сите области, велат од ВЛЕН.

„ДУИ докажа дека нема политичка култура и не може да понуди визија за иднината на државата. Секојдневно пред граѓаните се разобличуваат нивните лаги и манипулации кои го покажуваат вистинското лице на оваа истрошена партија. ВЛЕН ги повикува граѓаните да не станат плен на пропагандата на партијата која го изгубила целиот кредибилитет. Време е за чесно и одговорно владеење, далеку од измами и сценарија измислени за тесни политички интереси. Коалицијата ВЛЕН останува посветена на чиста, транспарентна политика фокусирана на доброто на граѓаните“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Влен: „Безбеден град“ ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски