Песков: Западот не принуди на војна – имаме еден услов за преговори

Од:

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека не може да се размислува за решавање на украинскиот конфликт без да се разговара за безбедноста на Русија. Тој зборуваше за ова, како услов за преговори за ставање крај на војната во Украина, во вечерашното интервју за рускиот Канал 1.

„Прашањето за безбедноста на Русија е една од главните грижи на нашата земја. Ова е прашањето што веројатно доведе до појава на овие несогласувања. Европејците и Американците одбија да го решат преку преговори, што ја принуди Русија да започне специјална воена операција“, рече Песков.

„Затоа, се разбира, невозможно е да се зборува за решавање на украинската криза без да се разговара на оваа тема“, истакна портпаролот на Кремљ.

Песков, исто така, објави дека за време на неодамнешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и двајцата изразиле уверување дека проблемите можат и мора да се решат преку дијалог.

„Украинскиот конфликт може и мора да се реши со мирни преговори. Тоа е веројатно најважното“, заклучи Песков.

Би можело да ве интересира

Во фармерките се обиде да шверцува природни и синтетички дијаманти вредни над 50.000 евра

А1он

Сибиха: Украина нема да и отстапи територија на Русија

Сибиха: Еден ден војна ја чини Украина 450 милиони долари

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Путин го планира својот последен удар

Горан Наумовски

Дмитриев: Преговорите меѓу Европа и Русија се неизбежни

ОН: Најмалку 70 цивили убиени, повеќе од 500 повредени во Украина од почетокот на мај