(ВИДЕО) Трамп му се закани на Хамас: сите заложници ослободени до сабота или прекин на примирјето

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа, тој ќе предложи да се прекине примирјето меѓу Израел и Хамас и да се остави „да настане пеколот“.

Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп исто така рече дека би можел да ја запре помошта за Јордан и Египет доколку тие не ги примат палестинските бегалци кои се преместуваат од Газа, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Хамас Абу Обеида во понеделникот објави дека милитантната група ќе го одложи ослободувањето на израелските заложници, закажано за сабота, бидејќи Израел ги прекршил условите од договорот за прекин на огнот.

Тој рече дека ослободувањето на заложниците ќе биде „одложено до понатамошно известување, додека окупаторот ретроактивно не ги преземе и исполни обврските од претходните три недели“.

Абу Обеида рече дека Израел го одложил враќањето на раселените жители на Појасот Газа на север од енклавата и отворил оган врз нив, а исто така, додаде тој, го попречил протокот на хуманитарна помош во Газа.

Би можело да ве интересира

Азаров: Трамп започна истрага против Јермак

Трамп: Не ми е потребна кинеска помош за Иран

Сведоштва на сексуално злоставувани Палестинци во притвор на ИДФ: „Се молев за смрт“

Катерина Ѓуровски

Израелскиот парламент одобри специјален трибунал за Палестинците: Пренос во живо и смртна казна по кратка постапка

Иран му порача на Трамп: Нема да влезеш триумфално во Пекинг

ВИДЕО: Трамп ги губи нервите, враќањето во војна е сè поверојатно, анализира CNN

Катерина Ѓуровски